Само за три месеци внатрешниот долг, доспеани а неплатени обврски на државни институции, министерства, училишта, судови, клиники, јавни претпријатија, е зголемен за 22,7 милиони евра. Во првиот квартал од оваа година државните долговите достигнаа 441 милион евра, пишува Порталб.мк. Само државните фирми и ЈП имаат долг од 173 милион евра.

Државните фирми и ЈП со највисоки долгови – износ од 173 милион евра

Здравството, државните јавни претпријатија, училиштата, со “надградени” долгови, во првиот квартал од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, ги зголемиле доспеаните а неплатени обврски, покажуваат новите податоци од Министерството за финансии. На новата должничка листа, со доспеани а неплатени долгови се 944 институции од судството, извршната, законодавната власт. Вкупниот внатрешен долг достигна 441,3 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски

Март 2023 441 370 000 евра

Декември 2022 418 622 400 евра

Ако се анализира според видот на државните субјекти, за три месеци долговите се зголемени во здравството и на крајот од март тие достигнаа 91,3 милион евра, значајно се зголемени и доспеаните обврски на буџетски корисници од втора линија ( образование, социјална заштита, институции за култура) и тие изнесуваат скоро 4,4 милион евра а раст има и на долговите на државните фирми и јавни претпријатија кои на крајот од март изнесувале 173 милион евра.

Доспеани а неплатени обврски ( март 2023)

Државни фирми и ЈП 173 000 000 евра

Јавни здравствени установи 91 344 140 евра

Општински јавни претпријатија 72 017 560 евра

Општини 64 108 100 евра

Токму државните јавни претпријатија и фирми и здравството се на првите две места на должничката листата според вкупниот износ на долгот а зад нив се општинските јавни претпријатија со неплатени сметки во износ од 72 милион евра и општините со долг во износ од 64,1 милион евра.

МЖ Транспорт и МЖ инфраструктура се “лидери” според висината на долгот

На првите пет “должнички ” позиции се наоѓаат четири државни/јавни претпријатија а на петто место се Јавни установи од здравството за потребите на болниците, клиниките и Ургентниот центар. Конкретно, највисок износ на долг од 68,7 милион евра пријавиле АД МЖ Транспорт, на второ место со доспеани а неплатени обврски во износ од 29,3 милион евра е ЈП МЖ Инфраструктура – овие две државни фирми со години котираат виско според износот на доспеани а неплатени обврски.

Највисок износ на доспеани, а неплатени обврски:

МЖ Транспорт 68 782 334 евра

МЖ Инфраструктура 29 300 000 евра

АД Номагас 26 600 000 евра

ЕСМ – дистрибуција на топлина 22 430 000 евра

ЈУ од областа на здравството 22 429 400 евра

На трето место со долг од 26,6 милион евра е државно АД “Номагас” кое беше формирано лани преку спојување на АД НЕР ( национални енергетски ресурси) и АД ГА-МА. Со доспеани а неплатени сметки во износ од 22,4 милион евра на четврто место е новоформираната ЕСМ – дистрибуција на топлина а Јавни установи од областа на здравството се на петто место со приближно ист долг во износ од 22,4 милион евра.

Податоците покажуваат дека државните институции, агенции, болници, училишта, културни установи, судство, најмногу должат за комунални услуги, греење, транспорт и овие обврски надминаа 78,6 милион евра а приближно иста сума се должи за набавка на материјали и ситен инвентар.

Извор: Порталб.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.