Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година.
Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот.
Кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот данок, а средствата ќе се користат за антикризни мерки кои ќе бидат соопштени наредните денови. За следната година, бидејќи правиме проекции на буџетот, и бидејќи кризата е се уште активна, ќе има средства за антикризни мерки. Ако евентуално прејудицираме дека таква одлука може да се донесе, мислам дека има доволно испланирани средства во државната каса, но првично, намената е за антикризни мерки. Ако има таква одлука, тогаш ќе треба да се земат од граѓаните и да им се вратат на компаниите што мислам дека нема да се случи. Средствата ќе се вратат од наредниот буџет, од сегашниот не е возможно зашто е веќе крај на годината, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.