Народната банка од март ги зголеми основните каматни стапки од 1,25 на 3 отсто. За борба против инфлацијата, која достигна скоро 17 отсто, потребни се двоцифрени камати, вели професор Трајко Славески. Во Народната банка реагираат дека така граѓаните нема да може да ги плаќаат кредитите, пишува Радио Слободна Европа.

Најголем дел од постојните кредити се со променливи каматни стапки, па ако многу ја покачиме каматата, граѓаните нема да може да ги плаќаат, што ќе ги зголеми ризиците за финансиската стабилност, велат во Народната банка. Со двоцифрени камати исто така ќе се отежне кредитирањето на фирмите што ќе значи „задушување на домашната економија“.

Зголемување на трошоците за живот, односно инфлацијата, во август достигна 16,8 отсто. Граѓаните велат дека многу го чувствуваат зголемувањето на цените.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.