АД ЕСМ соопшти дека во моментот произведува електрична енергија преку двата блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј и хидроелектраните кои се користат пред се за системски услуги.

Според компанијата, со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоелектраните и со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со наведените капацитети.

ТЕЦ Неготино работеше во периодот додека се изведуваше ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола, и со повторното вклучување на Блок 1 во системот, се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности врз истиот со цел зајакнување на постројката, заради поголема довеерливот за следниот период, кога потрошувачката ќе се зголеми и кога сите капацитети на ЕСМ ќе мора да бидат вклучени, информира ЕСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.