Oд компанијата АД ЕСМ информираат дека ЕСМ Продажба овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар, поради затекнатата состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост.
Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој период од годината заради лошото менаџирање на хидро ресурсите во изминатите неколку месеци, соопштија од АД ЕСМ.
Во соопштението се наведува дека набавката на електрична енергија ќе му овозможи на АД ЕСМ да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба на рудниците и хидроакумулациите, како и потребни сервисни активности на постројките со што ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во претстојната грејна сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.