Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји, покажуваат податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР).
Земјава, според податоците на АЦЕР објавени минатата недела, е 100 процентно зависна од рускиот гас. Од земјите во регионот зависноста на Србија од рускиот гас е 89 отсто, на Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто,… Најзависна од рускиот гас од западноевропските земји е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна Франција со 24 отсто.
Гасното поврзување со рускиот гас во Македонија е преку Бугарија. Македонија планира наскоро да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратешко значење за земјата што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување, велат од АЦЕР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.