3,5% за штедење во денари и 3% за штедење во евра се новите каматни стапки на УНИБанка за рочност од 36 месеци.
Атрактивни промени се направени и во пократките рокови – 12 и 24 месеци, 2,5% и 3% респективно за штедење во денари и 2% и 2,5% респективно за штедење во евра.
Кај постоечките договори со фиксна каматна стапка, новите каматни стапки ќе се пресметуваат по преорочувањето на средствата.
Со оваа промена го продолжуваме поволниот тренд кај депозитите во зависност од рочноста, валутата и начинот на исплата на каматата.
Со зголемувањето веруваме дека Банката обезбедува додадена вредност за клиентите на долг рок.
Нашата политика е да одржуваме продукти со фиксни конкурентни каматни стапки, кои на клиентите им даваат сигурен принос во договорниот период, а воедно и можност за неограничено дополнително вложување на средства на постоечкиот депозит. Депозитите на физички лица се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.
На своите клиенти, постоечки и идни, им овозможуваме да го изберат депозитниот продукт кој најмногу одговара на нивниот финансиски план и ќе им помогне да ја зголемат заработката.
Умната Депозитна Сметка е продукт кој овозможува каматна стапка која прогресивно расте дури до 5%
Можноста за слободна уплата и се разбира исплата на средства од сметката во секое време, го прави уникатен продукт на пазарот. На клиентите им нуди чувство на сигурност и слобода во располагањето со сопствените средства.
Се разбира тука е и Депозитот Фикс, како и Детското штедење со фиксна каматна стапка дури до 3,5%.
Во чекор со дигиталните трендови ја поттикнуваме опцијата за орочување и дополнување на депозити преку платформата за електронско банкарство.
Штедете сигурно за сите идни големи и мали желби!
Новите каматни стапки се достапни на следниот линк: Депозити.
За сите подетални информации повелете во експозитурите на Банката или информирајте се преку контакт центарот – 02/ 3 111 – 111.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.