Шест ученици и двајца професори се возеле со жичница во Пакистан кога се скинала сајла и жичарницата била висната над долината на околу 274 метри над земјата. Спасувањето е во тек.

Децата биле на пат кон училиштето кога еден од каблите се скинал, оставајќи ја жичарницата да виси на 274 метри над земјата, јавува Би-Би-Си.

Локален наставник изјавил дека околу 150 ученици секојдневно го прават опасното патување до училиштето со жичарата поради недостаток на транспортна инфраструктура во областа.

„Жичарата е заглавена на место каде што е речиси невозможно да се помогне без хеликоптер“, изјави за АФП Зулфикар Кан, официјален претставник на пакистанската спасувачка служба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dawn Today (@dawn.today)

Преодниот премиер на Пакистан, Анваар-ул-Хак Какар, ја изрази својата загриженост во објава на Твитер.

„Им наредив на властите да спроведат безбедносни инспекции на сите такви приватни јажиња и да се осигураат дека тие се безбедни за работа и употреба“, рече тој во соопштението.

„Те молам Боже, помогни ни“, викал еден од заробените во жичарницата за локалната телевизија „Гео њуз“.

Тој исто така, како што јави Би-би-си, рекол дека еден од учениците паднал во несвест и дека на жичарницата имало ученици на возраст од 10 до 15 години.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.