„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде фокусот на дискусиите на десетата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“, што од денеска ќе се одржува во Охрид.
На собирот организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку (МИРАС), Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција, московското списание „Руски политички науки“ и Журналот за глобални процеси од Мајами, најавено е учество на над седумдесет учесници, научни работници, експерти од единаесет земји.
Отворањето на конференцијата е предвидено за денеска во амфитеатарот на Институтот за Филм-Филмската академија во Охрид, а свои поздравни обраќања пред учесниците ќе имаат градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за „Едно општество и интеркултурализам“ при Владата.
Поради наметнатата ситуација предизвикана од корона вирусот, годинашната конференција ќе се одржува хибридно, со физичко присуство и „онлајн“ преку платформата „Зум“.
На научниот собир најавена е презентација на повеќе од 40 научни труда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.