Најдобриот стрелец на Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд, по двомесечна пауза повторно ќе му биде на располагање на тренерот Пеп Гвардиола денеска, кога неговата екипа ќе биде домаќин на Барнли во натпревар од 22. коло во Премиер лигата.
„Сите момци се подготвени, посилни сме. Тој е важен играч за нас“, потврди денеска Гвардиола на официјалната прес – конференција пред денешниот дуел со Барнли.
Халанд отсуствуваше од теренот од 6 декември кога во поразот од Астон Вила (0-1) ја повреди коската на стапалото.
Враќањето на норвешкиот голгетер е добра вест за Гвардиола и доаѓа во време кога неговиот тим заостанува пет бодови, но и натпревар помалку од лидерот Ливерпул, во трката да ја обрани англиската титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.