Изминатата ноќ во Битола и околината ги имавме првите врнежи од снег за оваа сезона, а од утринава настапува постепено разведрување на времето во Македонија. Токму поради ова ова утро имавме дополнително заладување на времето кај нас.

Најниска температура од -7 степени утрово е измерена на Попова Шапка, додека од градовите најстудено беше во Крива Паланка со -1 степен, додека највисока температура утрово е измерена во Гевгелија, и тоа 5 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени ова утро во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.