СВР Велес поднесе кривична пријава против М.М (27), Е.М.(27), двајцата од Батинци, скопско, и С.З.(43) од Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.

На 29.03.2024 на автопатот Градско-Велес, полициски службеници извршиле контрола на автобус ,,мерцедес’’ со турски национални ознаки, сопственост на туристичка агенција, при што била пронајдена поголема количина на стока која подлежи на царинска контрола, а за која пријавените не поседувале никаква документација, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.