Четириесет и едногодишниот С.К., жител на село Драчевица, во Општина Студеничани, вчера бил повикан на службен разговор во полиција заради упатување закани на неговиот сосед со гасен пиштол од кој што испукал неколку куршуми во воздух.
-На 20.06.2024 во 14.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари бил извршен службен разговор со С.К.(41) од с.Драчевица, општина Студеничани. Тој се сомничи дека на 18.06.2024, по претходна расправија, упатил закани на неговиот сосед Ф.М.(43) од Скопје и испукал неколку куршуми во воздух од гасен пиштол, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.