Д.С.(57) од Македонска Каменица е лишен од слобода затоа што, според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј.(39) од Македонска Каменица.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полицијата го лишила од слобода Д.С.

Несреќата се случила додека лицата биле на лов во кочанското село Пресека.

По документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.