А. Ј. (33) од селото Булачани пред два дена во полицијата пријавил дека неговата сопруга Д. Ј. (28) од непознати причини си отишла од нивниот дом и со себе си земала свои лични работи.

Следниот ден во 06.30 часот во кујната пронашол писмо кое сопругата го оставила во кое пишува причини поради кои заминала, велат од МВР. Пријавителот појаснил дека не е прв пат Д.Ј да се оддалечи од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.