Странките во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“ денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје е предвидено да ги дадат завршните зборови. Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска.
Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари“. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.
Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.