На улицата „Партизански одреди“ во Охрид, денеска во 12:25 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишеле од слобода Т.А.(36) од Охрид.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом биле пронајдени пиштол марка „Бровинг“ калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми.

За случајот е запознат јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.