Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, заедно со СВР Штип на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип го привеле В.И. (51) од Кочани, бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 мм.

Од МВР соопштија дека лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство.

Известен е јавен обвинител и од страна на СВР Штип, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл.396 од КЗ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.