Пазарната инспекција попладнево ја затвори дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк, потврди за „Слободен печат“ директорката на ДПИ, Анета Симеска.

Причината поради која диско клубот е затворен, според неа е непочитување на решението за привремена забрана за дејност кое претходно му било издадено на клубот поради немање лиценца.

Пред дискотеката минатата недела убиен беше 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, присутен на организирана забава која траела до доцните утрински часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.