Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, денеска на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, го привеле И.К. од с.Батинци, скопско.
Како што информираат од МВР, тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, на ул„192“ на подрачје на Бит Пазар, заплениле 1358 парчиња различни видови пиротехнички средства. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.