Запленети 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер.
Согласно Законот за девизно работење му се вратени 120 илјади норвешки круни, а останатите се запленети. Против патникот е поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.