Вчера во 14.45 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во нива во атар на село Сујаклари, велешко, констатирале смрт кај А.К.(73) од село Сујаклари, велешко.

Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него.

Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.