Ужасни вести доаѓаат од Бугарија, од Пловдив. Во тешка сообраќајна несреќа во околината на тој град загина таткото на нашиот младински репрезентативец и мегаталентот на Шкендија, Дашмир Елези, пренесе СпортМедиа.
Инаку како што јавуваат медиумите во Бугарија, до несреќата дошло кога БМВ во кое бил таткото на фудбалерот, Скендер Елези, се судрил директно со камион од спротивниот правец.
Трагедија, уште повеќе ако се знае дека загинатиот Скендер Елези денеска полнел 40 години.
Инаку таткото на Елези и уште едно лице прво го однеле Дашмир во бања каде што тој се сместил, за да потоа на враќање кон Македонија се случила страшната несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.