Вчера починал жител на охридското село Лескоец кој паднал додека извршувал градежни работи на куќа.
Вчера во 10.38 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, 59-годишниот И.Х. од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал, информираат од СВР Охрид.
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола каде, е извршена обдукција, додаваат СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.