Во СВР Скопје вчера во 12.30 часот било пријавено дека на регионален пат Скопје – хидроцентрала „Козјак“, во близина на крстосница со локален пат за село Брезница, скопско, С.К.(29) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Од здобиените повреди, на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.