Ноќеска четириесетина минути по полноќ во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар-Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Е.З. од гостиварско Чегране излетало од
коловоз и удрило во бетонски столб.

Во несреќата, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, а на пат за
Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје им подлегнал на повредите.

На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид.

По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обудкција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.