Нов шумски пожар избувна на падините на Осоговските Планини, во атарот на кочанското село Пресека. Во гаснењето се вклучени Територијалните противпожарни единици од Кочани и Македонска Каменица, како и службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани.
Дејствуваме со триесетина луѓе повеќе од 15 часа на тежок, непристапен терен каде гори високостеблеста борова и дабова шума и ниска вегетација. На површина од 100 хектари пламените јазици достигнуваат и до 20 метри, а веќе се изгорени квалитетни борови стебла. Обид за локализирање на пожарот имаше и од воздух, со поддршка на хеликоптери што се под надлежност на Центарот за управување со кризи. Засега гасењето е неуспешно, истакна Сашо Мијалов, заменик командир на ТППЕ – Кочани.
Според информациите од пожарникарите кои се наоѓаат кај селото Пресека, од пожарот е загрозена и викендичка во која престојувале луѓе.
Од ТППЕ – Кочани нагласија дека борбата со огнената стихија ќе биде тешка, а противпожарните единици на терен ќе останат и во текот на ноќта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.