Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска од 23 до 5 часот на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола во која биле откриени и казнети 30 возачи под дејство на алкохол – 20 во Тетово и 10 во Гостивар.

На возачите им се поднесени соодветни поднесоци и веднаш се исклучени од сообраќај. МВР соопшти дека се санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци – во Тетово 12 и во Гостивар – четири.

СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, зашто на тој начин ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а ќе се соочат и со законски предвидените санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.