Штипската полиција денеска ги лиши од слобода К.П.(64) и Д.П.(37), двајцата од Делчево, за кои имало кривична пријава поради сомнение за „перење пари“.
Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје. Притоа, со извршеното кривично дело причинета е материјална штета на Буџетот во износ од 25.502.282 денари, информираат денеска од МВР.
К.П. и Д.П. во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.