За Срѓан Димитријевски и уште двајца затворски полицајци, осомничени за бегството на затвореникот Беким Мемети притворот е продолжен за 30 дена.

За нив, истрагата се проширува и за дело примање поткуп, потврдија од обвинителството за гонење организиран криминал за Телма.

За четвртиот осомничен затворски полицаец продолжени се мерките за претпазливост.

Првичната истрагата покажа инволвираност на тројцата затворски полицајци и командирот Срѓан Димитииевски осомничени за противзаконско ослободување на лице лишено од слобода.

А Димитриевски, претходно како вработен во МВР, бил во судир со законот поради коруптивно дело.

Тој е еден од петмината полициски инспектори против кои во 2011-тата година почнало судење за примање поткуп кое правосилно завршило во 2018 година. Според пресудата, на скопјанец му побарале 2.500 евра за да не му поведат кривична постапка. Ова му било соопштено во полициската станица „Бит Пазар“, каде оштетениот бил повикан на сослушување од Димитријевски и неговиот колега.

Наместо прашања, добил непристоен предлог од полицајците. Димитријевски, како што стои во пресудата, побарал и четири гуми за приватното возило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.