Дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против дебранец, вработен во подружницата на „Македонски пошти“ во Центар Жупа, поради неовластено присвојување на над три милиони денари.
Кривична пријава е поднесена против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додава дека со тоа Е.М. се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.