МВР информира дека во полициската станица Центар бил извршен службен разговор со М.С.(24) од Скопје.
Тој се сомничи дека во обложувалница на улица „Народен фронт“, каде што е вработен, се послужил со пари коишто му биле доверени и му ги дал на лицето З.К. од Скопје. Во разговорот тој го признал делото и дека во повеќе наврати му дал вкупно 650.000 денари да ги користи за игра на апаратите во обложувалницата, известуваат од МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.