На 10.06.2023 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на кејот на реката Вардар на подрачје на Центар се случила несреќа помеѓу велосипед управуван од К.Е.(38) од Скопје и друг велосипед кој го напуштил местото.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил К.Е. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.