Вознемирувачки снимки доаѓаат од местото на тешката несреќа каде загина млад возач од Гевгелија. Како што претходно пренесе дописникот од МИА, возачот на автомибилот марка „голф“ со гевгелиски регистерски таблички загинал на местото при судир со тешко товарно возило на клучката кај Три Чешми, каде се спојуваат експресниот пат кон Штип и автопатот Штип-Миладиновци.
Станува збор за маж роден 1986 година во Гевгелија.
Автопатот Штип – Миладиновци е затворен и во двете насоки, додека трае увидот од страна на истражните органи. Сообраќајот од Штип кон Велес, Свети Николе и Скопје и во обратна насока се одвива по регионалниот пат.
Од почетокот на годината до сега на патиштата околу Штип загинаа три лица во тешки сообраќајни несреќи.
Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова најави дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали за сообраќајната несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.