Рано утрово во 5 часот во с.Трновац, на место викано Златановци, кратовско, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(19) од велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Имено, вчеравечер во 20.30 часот на автопат Куманово-Табановце полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес мл 320“ со велешки регистарски ознаки, кое не застанало и кај место викано „Поповски рид“ пред с.Страцин излетало од коловозот, а возачот и мигрантите се дале во бегство.
По преземени мерки биле пронајдени 9 лица мигранти од Сирија, кои биле пренесени во Транзитниот центар „Табановце“, а по преземени дополнителни активности бил пронајден и Х.Д., кој со возилото ги превезувал мигрантите.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.