Вчера во 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Струга, на место викано „Оровничка плажа“, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(35) од Тетово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот Б.В.(32) од Тетово, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.