МВР вчера, во рамки на зајакнатата акциска контрола на територијата на државата, санкционира 180 возачи поради брзо возење.
Од нив, како што соопшти, 18 се движеле со брзина над 50 километри на час од дозволеното, а три со дури над 70 километри на час. Притоа, 34 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.