Од вчерашните радарски контроли на брзината на возилата на автопатот Куманово – Скопје – Велес полицијата со јавноста сподели фотогафија од еден од своите уреди на која се гледа дека е регистрирано возило кое се движи со 204 километри на час.

МВР информира дека мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на акциската контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирала вкупно 143 возачи.

„Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.