При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територија на државата денеска санкционирани се 863 возачи за брзо возење.

Како што соопшти денеска МВР, од вкупниот број изречени санкции, 75 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 450 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 413 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.