При судар на трактор и патничко возило „опел фронтера“, возачот на тракторот бил тешко повреден, додека шоферот на „опелот“ и неговата сопатничка добиле полесни повреди.

Во СВР Битола вчера во 18.40 часот било пријавено дека на патот Битола – Нижеполе се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, управуван од З.Б.(61) од битолското село Карамани и патничко возило „опел фронтера“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(29) од Битола.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.Б., додека Д.Ч. и неговата сопатничка А.Ч.(25) од Битола се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола – информираат од МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.