Вчера околу 19.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Велес – Градско, пред исклучокот за с.Долно Каласлари, велешко, Т.С.(43) од Велес, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрило во заштитна ограда и во патничко возило „бмв“ со белигиски национални ознаки, управувано од А.А.(24) од Битола, со живеалиште во с.Дебреште, општина Долнени.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото „фолксваген голф“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и друг малолетен сопатник од неговото возило, констатирани во Општа болница во Велес.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.