На наплатната станица Романовце во правец кон Скопје, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 11 часот запрен е автобус со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, управуван од А.С.

Како што информираат од МВР, за време на вршењето на контролата и прегледот врз автобусот, А.С. на полицискиот службеник му понудил пари со цел да не продолжи прегледот и контролата, по што А.С. е веднаш лишен од слобода поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 353 од КЗ и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од страна на полициски службеници била продолжена контролата врз возилото, при што е утврдено дека возачот користи тахографска картичка, која што не е во негова сопственост. За истото е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна се констатирани прекршоци по член 23 став 5, а казниво по член 55 став и член 60 став 1 од Законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување, за што е предвидена глоба во износ од 7500 евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.