Дојави за поставени експлозивни направи се добиени за уште две училишта во Скопје, покрај двете училишта за кои МИА претходно информираше.

Пријавата за новите бомби е добиена околу 10 часот, а половина час претходно стигнаа дојавите и за првите две училишта, од кои едното е гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.