Во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје. Како што соопштија од МВР, тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Исто така, околу 13.25 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од казнено – поправна установа.

Како што стои во соопштението од МВР, лицата ќе бидат спровeдени во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.