Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје се изречени 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за минување на црвено светло, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречени се и 11 мерки за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, четири за пешаците, три мерки за користење на мобилен телефон, осум за непрописно престигнување…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.