Во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје во текот на вчерашниот дена се изречени вкупно 103 мерки, информираа денеска од МВР.

За возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за управување возило со брзина поголема од пропишаната, седум мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.