Изутрина 02.30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода се лишени А.А.(37) од Струга и И.А.(22) од струшкото село Делогожда.

При контрола на патничко возило „пежо 307“ со шведски национални ознаки, со кое двајцата се превезувале, извршена во селото Добовјани, полициските службеници пронашле и одзеле 23 пакувања со кафеава прашкаста материја и електронски апарат исполнет со непозната со течност.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.