Безживотно тело на 16-годишник е пронајдено во реката Пена, во близина на местото викано Бањиче.

Детето излегло вчера од својот дом со автомобил, а неговиот татко според првичните информации го пријавил за исчезнат уште синоќа. Во потрагата била вклучена полицијата.

Возилото во 2 часот по полноќ било пронајдено паркирано во пределот Бањиче оддалечен на неколку километри од градот на Шарпланинскиот масив.

Поради лошите вечерни услови со густа магла, детето дури утринава било пронајдено во студените води. Телото е дадено на обдукција, а причината за смртта ќе се утврди по прибирањето на сите траги и докази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.