Седумдесет и тригодишен маж од Штип завршил на лекување на скопските клиники откако во пожарот кој пламнал во куќата во која престојувал вдишал чад.

Полицијата тврди дека настанот се случил во 5.50 часот во куќа на улицата „Богомилски поход“.

Куќата е во сопственост на Б.П.(50), каде престојувал С.Т.(73) од Штип.

Во пожарот, опожарен е инвентарот од куќата.

Пожарот е изгаснат од скопската противпожарна единица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.