На 26.11.2024 во 18.20 часот на патот од с.Слупчане кон с.Руница, липковско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор при Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле преглед на товарно возило „форд транзит“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(49) од с.Руница.

При извршениот преглед било констатирано дека тој со возилото врши превоз на огревно дрво без жиг, боја и испратница.

За случајот е известена Шумска полиција, која извршила увид, по што лицето и возилото им биле предадени за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.